Скопје 18. ноември 2020. / 23:22

Делови од Општина Гази Баба утре без вода

Делови од Општина Гази Баба утре без вода

Корисниците од Хотел Континентал, Општина Гази Баба, Факултетите и бензинската Пуцко Петрол во Општина Гази Баба утре од 9:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување, а намален притисок ќе има ниската зона во Автокоманда.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на шибер со пречник од 200 милиметри на булеварот „Александар Македонски”.

Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје не го отстранат дефектот.