Реконструкција а не уривање на Универзалната сала, ова е апел од вечерашниов собир кој се одржа на платото пред објектот, во организација на граѓанската иницијатива „Солидарни за срцето на Скопје“.
Повод за собирот е конкурсот за идејно решение за парк со летна сцена кој според замислите на градските власти би требал да никне на местото на Универзална сала.
– Придружете се на собирот за Универзална сала, да не дозволиме да исчезне овој белег на Скопје – стои во повикот креиран на Фејсбук.
Поддршка на иницијативата дадоа голем број музички и естрадни уметници, актери, организатори, промотери и менаџери.