Скопје 04. ноември 2018. / 13:34

Богдановиќ за „Лидер“: Работиме на проблемот со загадувањето, имаме низа проекти!

Богдановиќ за „Лидер“: Работиме на проблемот со загадувањето, имаме низа проекти!

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, може слободно да се оцени како еден од најфокусираните скопски градоначалници, кој наместо со урбанистички скандали можеме да го видиме со современи проекти од полза на граѓаните.

Општината која ја води Богдановиќ во минатото се соочуваше со многу проблеми, тој наследи хаос предизвикан од неговите претходници, независно од која политичка опција доаѓале. Се чини, пред младиот градоначалник претстои многу работа а тој предизвиците ги прифаќа во полн капацитет.

Во интервјуто за „Економски Лидер“, тој ги најавува проектите на кои работи општината, поразговаравме за загадувањето но и за актуелната политичка ситуација. „Европската агенда е приоритет на сите и напорно работиме на тоа, но пред се ни се важни потребите и проблемите на граѓаните“, вели Богдановиќ.

Целото интервју со Богдановиќ:

Една година како ја водите најградската општина во Скопје. Во јавноста се добива впечаток дека локалната власт е ставена во втор план. На прво место е европската агенда а секојдневните проблеми на обичниот човек како да се занемарени. Со што Вие изминатава година успејавте да ја промените и подобрите сликата за о. Центар?

Европската агенда е приоритет на сите и напорно работиме на тоа, но пред се ни се важни потребите и проблемите на граѓаните. Во изминатата година завршивме со реконструкција на 6 улици а во завршна фаза ни се улиците Ѓуро Ѓоновиќ во Маџир маало, и Стефан Јакимов Дедо. Започна третата и финална фаза на ОУ Капиштец кое што ќе биде најмодерно на овие простори. Беше донесен мораториум за градби за сите нови постапки, издадени се 500 решенија за легализација, извршени се 500 инспекциски надзори и донесени над 200 решенија. Завршен е дневниот центар за деца со детска парализа, дохградено е основното училиште Гоце Делечев, целосно е реновирана фасадата и внатрешните училници, реконструиравме неколку градинки и детски игралишта. Започнат е проектот за нега на стари и изнемоштени лица, доделувањето на стипендии за талентирани ученици, се продолжи со проектот „Цел центар на точак“.

Ветивте многу, но иaкo Ви остануваат уште 3 години од вашиот мандат сепак не оствaривте многу од тоа. Не успејавте да најдете решение за најгорливиот проблем по здравјето на граѓаните-ЗАГАДУВАЊЕТО. Како ќе се справите оваа зима?

Направивме многу за една година и во претходниот одговор Ви наведов дел од завршените проекти но, најважно од се направивме добра подлога за да завршиме уште нови и поголеми проекти. Во однос на загадувањето, започнавме со ревидирање на дуповитеи неиздавање на нови постапки за градби, заедно со другите институции работиме на инфраструктурни проекти за поставување на топлификациона мрежа со што начинот за греење наместо на дрва и други горива ќе се сменисоцентрално греење со што ќе се намали загадувањето од домаќинствата. Градинките ги опремуваме со прочистувачи за воздух а започнат е процесот за зголемување на зелените површини.

Каква Ви е соработката со останатите градоначалници пред се и со Петре Шилегов, по однос на загадувањето. Зошто досега и по една година од истекот на мандатот не понудивте ниту едно решение?

Соработката е на одлично ниво, и редовно се кординираме. Инаку започнати се големи проекти за гасификација и спроведување на топлификациона мрежа со што ќе се намалуваат домаќинствата кои се греат на разни горива.

Во вашата предизбора кампања ветивте ревизија на пректот Скопје 2014-та, но сите споменици се на свое место, нема ништо ни за објектите од овој проект. Ќе се осознае ли вистината за Скопје 2014-та?

Истрагата е во тек и се отвараат многу предмети и многу нови истраги. Отсранет е еден споменик и започна постапката за мостот ОКО каде и за прв пат се вратени пари во општински буџет. Во наредниот период ќе објавиме и нови истраги.

Општина Центар има проблем со паркирањето. Иако има катни гаражи тие не се користат со полн капацитет. Граѓаните се жалат и на високите цени за паркирање. Како планирате да го решите сообраќјниот метеж во општината?

Во завршни фази се проектите за измени на сообраќајот со што значително ќе влијаеме на растеретување на сообраќајот и решавање на проблемот со паркирање.

Дали трамвајот и метрото се само мисловна именка за о. Центар?

Тоа се проекти што ги спроведува Градот Скопје, инаку ги подржувам сите проекти за подобрување на градскиот сообраќај.

Кога центарци може да ја очекуваат гасификацијата ?

Се надевам дека од наредна година дека ќе ги имаме првите корисници на гас во нашата општина.

Бевте дел од судскиот процес за насилствата во О.Центар. Верувате ли во порфесионалноста , транспарентонста и непристасноста на судството?

Верувам, и се надевам дека конечно овој процес ќе добие завршница а сторителите ќе бидат санкционирани.

Дали вашата матична партија и нејзината политика се движат во вистински правец, маргинализирајќи ја локалната власт?

Партијата има јасно зацртани цели кои треба да ги променат работите во нашата држава. Но и се работи на подобрување на работењето на локалната самоуправа која најдиректно е во контакт со граѓаните.