Скопје 02. јуни 2020. / 17:15

Богдановиќ: Центар ќе реализира што е неопходно за нормално функционирање на угостителските објекти

Богдановиќ: Центар ќе реализира што е неопходно за нормално функционирање на угостителските објекти

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, почна серија средби со претставници на угостителите од општината со цел заеднички да се работи за што поедноставна и побезболна примена на правилата од протоколите за работа, како и почитување на мерките и препораките за зголемена безбедност поради епидемијата на корона вирусот.

Овој состанокот се одржа по иницијатива на Општина Центар, Полициската станица – Центар и СВР – Скопје заради актуелната ситуацијата со кризата предизвикана од вирусот. Со угостителите разговаравме за реорганизација на работата на угостителските објекти, обезбедување услови за зголемување на нивниот капацитет на работа врз основа на насоките и препораките од надлежните институции – изјави Богдановиќ.

Градоначланикот најави дека општината ќе ги разгледа сите барања и предлози и ќе се реализира сè што е неопходно за нормално функционирање на објектите, со доследно почитување на препораките за заштита од вирусот и во согласност со законската рамка.

Командирот на ПС – Центар, Милисав Мијаличиќ изјави дека благодарение на донацијата на велосипедите и велосипедската опрема од Општина Центар, ќе се овозможи зголемено присуство на полициските службеници на терен, со цел брза и ефекисна реакција по пријави од граѓаните на територијата на општината.