Скопје 12. декември 2018. / 14:30

Блокиран влезот за Скопје кај Автокоманда: Километарски колони во Маџари

Блокиран влезот за Скопје кај Автокоманда: Километарски колони во Маџари

Влезот на Скопје од автопатот пред Автокоманда и улицата Благоја Стефковски во Маџари се блокирани.

Во сообраќајот има застој од возилата кои направија километарски колони по автопатот и улицата Благоја Стефковски во Маџари. Колони возила има и во двата правци.

Од СВР Скопје за 1-ва скопска велат дека причината за метежот кој трае неколку часа е изведување градежни работи на бул. Александар Македонски, па поради тоа се пренасочувал и сообраќајот.