Скопје 26. јули 2020. / 07:30

Без вода ќе бидат делови од Гази Баба

Без вода ќе бидат делови од Гази Баба

Поради уличен дефект од Ф-6/4 на ул.„Фуштанска“ 90а во населба Гази Баба, денеска ќе има прекин во водоснабдување кај корисниците на дел од оваа улица.

Од РЦУК Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до санирање на дефектот.