Скопје 29. мај 2020. / 07:36

Без вода дел од скопска Автокоманда

Без вода дел од скопска Автокоманда

Поради изведување водоводен приклучок  Ф-150  на ул. „Габреш“ број 6, утре без вода ќе бидат корисниците од улица „Ташко Караџа“, во скопската населба Автокоманда.

Како што соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот до завршување со активностите.