Скопје 22. јануари 2019. / 10:27

Активистите лути на Шилегов ги извисил за Вардариште

Активистите лути на Шилегов ги извисил за Вардариште

Заловувањето на кучињата во последниот период активно се врши во повеќе градови низ државата.

Од АХВ се доставени барања за дозволи да се реши проблемот со бездомните кучиња во градот.

Кучињата кои се заловени, треба да добијат соодветен третман, со нега од ветеринари, па понудени за вдомување. Оние кои нема да добијат вдомување по триесет дена ќе бидат вратени на локацијата каде што се заловени.

Сепак активистите и здруженијата за заштита на животните се остри кон ова поради ветениот а не добиениот третман за кучињата скитници. Од здруженијата велат дека покрај толку ветувања, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ништо не направил за Вардариште.

„Што се случува во Вардариште со донациите, храна, покривки, вакцини и други потребни средства за згрижување на кучињата, бидејќи од таму или ги вадат како живи скелети или не излегуваат живи“.