Пејачката Ана Николиќ и нејзиниот сопруг, раперот Раста, уживаат во среќата што им ја пружа нивното прво заедничко дете, ќерката Тара, која се роди лани во август. Сепак, средбата на Ана со Тара не е нејзина прва средба со мајчинството.
Во 2011 годона по големата трагедија во Јапонија, Ана станала старател на малиот Имимара Масахира Таикију. Пејачката извесно време се грижела за Јапончето, се додека неговите биолошки родители не застанале на нозе надминувајќи ја кризата. Уште тогаш Ана објасни дека не го посвоила момчето, туку дека се грижи за него на „одредено време“.