Сцена 14. април 2018. / 18:20

Шварценегер се опоравува после операцијата:„Не сум супер!“ (ФОТО)

Шварценегер се опоравува после операцијата:„Не сум супер!“ (ФОТО)

Бившиот боди билдер неодамна беше примен во болницата Cedars-Sinai каде имал термин за замена на „вентилот“, а бидејќи таа постапка е во експериментална фаза дошло до компликации…

„Сакам само да знаете дека се чувствувам многу подобро. Но, и покрај мојот позитивен став, се уште не сум одлично. Да се чувствувате одлично е сосема друго ниво, но добро сум“, истакнал холивудскиот глумец Арнолд Шварценегер (70) во кусата видео снимка која ја објавил на социјалните мрежи.

Ѕвездата на акциските филмови и некогашен гувернер на Калифорнија на снимката седи покрај шаховска табла за која тврди дека му помогнува во освежувањето на умот и подобрување на памтењето. Арнолд, исто така, им се заблагодрил на обожавателите на поддршката.

Бившиот боди билдер неодамна беше примен во болницата Cedars-Sinai каде имал термин за замена на „вентилот“, а бидејќи таа постапка е во експериментална фаза дошло до компликации поради што завршил на операција. Арнолд набргу се вратил дома.

Ѕвездата на филмовите „Платеници“, „Предатор“ и „Потполен отповик“ набргу се огласил и на Твитер.
„Вистина е, се вратив!“, алудирајќи на репликата од филмот „Терминатор“.
Инаку, ова не е првпат Шварценегер да бил на операција на срцето.

На операциска маса бил и во 1997. година. Иако лекарите тогаш тврделе дека операцијата не е неопходна, тој се одлучил за зафат бидејќи сакал да ја направи „додека е уште млад“. Исто така, повеќе пати нагласил дека неговите проблеми со срцето немаат апсолутно никаква врска со користењето стероиди.

Шварценегер минатата година се разведе од сопругата, новинарката Мери Шривер (63) после 31. година брак. Ги имаат ќерките Кетрин (29) и Кристин (27) и синовите Патрик (25) и Кристофер (21).