Правниот тим на сопругот на Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ ќе се обиде да докаже дали пејачката била под опојни средства за време на немилиот настан.
Тимот на Лука бара да се направат подетални анализи, пишуваат српските медиуми.
„Клучна е токму анализата на влакно од коса, бидејќи во случај Наташа да била под дејство на опојни срества, во влакната се задржуваат до 90 дена, а во крвта и во урината само 4 или 5 дена“, објаснува изворот кој е упатен во целата приказна.
Инаку, на пејачката и’ била направена анализа на крвта кога била во Ургентен центар по инцидентот во ноќта меѓу 13 и 14 април, кога, како што тврди, ја претепал сопругот.
Тогаш не и’ беа направени комплетни прегледи и се’ беше завршено брзо, за 20-тина минути, а за токсиколошките анализи се потребни неколку часа. Притоа, Наташа не даде крв што требаше да се испрати на оксикологија на ВМА. Тоа е стандардна процедура при пријава за насилство во семејството“, вели изворот.
Поради сомневање во резултатите на крвта на Наташа Беквалац, адвокатите ќе бараат повторно да се направи анализа и тоа на ВМА.
„Ако се открие дека земала опојни средства, тоа би можело да фрли поинакво светло врз целиот случај и врз спорната ноќ кога дошло до инцидентот меѓу неа и Лазукиќ“, тврди изворот на „Србија данас“.