Пејачката Наташа Беквалац тешко поднесува се што и се случило во претходниот период.
Додека се обидува да ја добие правната битка против Лука, кој ја претепал, пејачката доживува и емоционална криза.
-Сеуште навечер не може да спие, се буди и плаче. Иако сите сме со неа, таа мора ова сама да го помине. Само таа знае како и е. Наташа е речиси без енергија и волја за живот. Ова ја изненади бидејќи мечтаеше дека со Лука ќе остари. Ни во најлудите сонови не можела да замисли дека тој ќе крене рака врз неа.- изјави пријателка на пејачката за српските медиуми.