Наташа Беквалац по тешкиот период, повторно храбро продолжила да чекори во животот.
Пејачката по само три месеци откако брутално била претепана од својот сопруг Лука Лазуркиќ, се вратила на својата кариера, а за српски Курир го дала и првото интервју.
Беквалац ја отворила душата и открила дека моментално емоциите и се измешани, дека не може да каже дека е среќна, но ни дека е тажна. Во секој случај, пејачката е премногу повредена, па не сакала да го спомне сопругот, од кој моментално се разведува.
На прашањето што научила од цела ситуација, Беквалац одговорила:
-Јас сум личност која не сака да гледа назад, не затоа што тоа е како некоја фаза, туку затоа што знам дека не можам ништо да променам. А кога знам дека ништо не можам да променам, само ќе губам енергија, сила која можам да ја искористам многу покреативно, многу поубаво, а можам и да ги усреќам луѓето околу мене. Гледајќи назад само влечам некои работи на кои не можам да влијаам.