Иако Анџелина Џоли и Бред Пит поднесоа барање за развод пред две години, процесот уште не е ни од далеку готов. Овојпат проблем не е поделбата на имотот, туку старателството над нивните шест деца.
Привремено целосно старателство во моментов има Анџелина, па Медокс (16), Пакс (14), Захара (13), Шајло (12) и деветгодишните близнаци Вивиен и Нокс живеат со неа.
Таа ги води децата со себе секога кога патува некаде поради работа, па така летово ќе биде во Велика Британија каде го снима продолжението на „Maleficent“.
Меѓутоа, Бред не е задоволен со тоа и ако Анџелина не направи нешто да ги подобри односите со бившиот, може да го изгуби целосното старателство, објави магазинот „People“.
Судот наводно смета дека Анџелина го поставила родителството како терен за пресметка со поранешниот сопруг, а односсите се заостриле откако тој ја потврди врската со професорката Нери Оксман.
Адвокатскиот тим на Џоли смета дека е многу необично судот да реагира вака.
Бред Пит и децата веќе една година одат на терапија и тој активно учествува во процесот на оздравување и подобрување на нивниот однос, пишува „People“.
Актерот сега има право да ги посети децата во Лондон на неколку дена во јуни и во јули. Од 27 јуни до 1 јули ќе има право да поминува со нив по 10 часа на ден, а во јули 8 до 14 часа на ден.
Иако првично беше обвинет за малтретирање на нивниот посвоен син Медокс, овие обвиненија беа отфрлени и сега Бред сака да поминува повеќе време со децата.
Медокс може да бира со кој родител ќе поминува повеќе време бидејќи има 16 години.
Додека Бред е со децата, со нивм мора да биде присутен психолог, а Анџелина е обврзана