Сцена

Позната раперка уапсена поради тепачка во стриптиз-бар

Позната раперка уапсена поради тепачка во стриптиз-бар

Контроверзната раперка Карди Би е уапсена по тепачка во стриптиз-бар и обвинета за напад и нарушување на редот.

Карди во барот имала настап со својот хип-хоп колега Мингос, па кога ги здогледала келнерките, кои меѓу другото се и сестри, им наредила на телохранителите да ги нападнат со шишиња, столици и наргилиња. Двете сестри биле повредени, но одбиле медицинска помош.

Причината за тоа биле гласините дека една од келнерките имала афера со сопругот на раперката, раперот Оф-Сет.