Сцена 24. април 2018. / 17:50

Наташа Беквалац на суд со сопругот: Тоа што го изјавил Лука ќе ве изненади

Наташа Беквалац на суд со сопругот: Тоа што го изјавил Лука ќе ве изненади

Сопругот на Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ на почетокот на сослушувањето во судот изјавил дека не е видновен, пишуваат српските медиуми.

Тој пред обвинителството рекол дека Наташа, која го пријавила за семејно насилство, прва го нападнала него во нејзиниот стан на Дедиње, ноќта меѓу 13 и 14 април.

Лука тврдел дека никогаш не ја удрил сопругата, туку таа лажно го пријавила. Подетално кажал дека таа ноќ тој бил со пријателите во град и кога се вратил сопругата го нападнала поради наводна љубовна порака.

Лука се изјаснил дека бил изненаден од хистеријата која ја доживеала сопругата. Почнала да упатува навреди кон него и со тупаници да го удира по градите.

Сопругот на пејачката исто така рекол дека ја фатил Наташа за рамена и ја турнал од себе, но не ја нападнал.