Сагата Беквалац-Лазукиќ продолжува. Наташа со ќерките Хана и Катја живее во домот на своите родители во Нови Сад и го исчекува судското рочиште, а Лука Лазукиќ, против кого е поднесена тужба за семејно насилство над сопругата, пишува тужби против пејачката и нејзиното семејство.
На ред дојде барање Наташа да му врати 150.000 евра кои, наводно, ги потрошил на нивната венчавка на Ибица и во реновирањето на станот во Белград, во кој ја претепал ноќта меѓу 13-ти и 14-ти април, како и нејзиниот салаш во близина на Нови Сад, за кој новосадската барбика го обвини дека исценирал грабеж бидејќи на мајсторите што работеле на изградбата на куќата не им платил, па тие го однеле сиот алат.
-Лука покрена тужба против Наташа во која наведе каде и за што давал пари. Тој бара таа да му врати 150 илјади евра. Наташа не може да верува што доживеа од човекот со кого живееше под ист кров, а на кого пред само три месеци му роди ќерка. Ако тој го добие спорот, таа буквално ќе остане на улица“, вели изворот за „Ало“, и додава:
Лука отиде толку далеку што во тужбата наброи и најситни нешта на кои трошел пари, па така, меѓу останатото, наведе и детали за кујната кои ги купил за новата вила. Не го интересира дали Наташа ги има парите што тој ги бара, туку се надева века ќе добие на суд“, завршува изворот.