Сцена 05. април 2018. / 11:44

Марија Шерифовиќ нападна натпреварувач во ,,Sвездите на Гранд”

Марија Шерифовиќ нападна натпреварувач во ,,Sвездите на Гранд”

Српската пејачка Марија Шерифовиќ предизвика сканда во ,,Sвездите на Гранд” кога на еден од натпреварувачите му се закани дека ќе го нокаутира.

Неа не и се допаднало како тој испеал песна од Шабан Шаулиќ и веднаш го искритикувала. Со неа не се сложиле Вики Миљковиќ, па Марија се изнервирала и и се обратила на Вики.

,,Што зборуваш? Лажеш! Ти си глува! ”, се развикала Шерифовиќ и станала од столчето, па тргнала кон натпреварувачот.

,,Застани да те прашам нешто. Ако излажеш ќе те нокаутирам на место .Признај дека едвај ја пееше песната оти ти беше висока” , викала Марија по натпреварувачот.