Сцена

Ова мало девојче денес е најмоќниот вокал на Балканот (ФОТО)

Ова мало девојче денес е најмоќниот вокал на Балканот (ФОТО)

Нејзиниот моќен и неверојатен глас кој денес милува уши и душа храни, некогаш била само мало и преслатко девојче кое постојано се смеело пред објективот.

Марија Шерифовиќ важи за оние мали девојчиња кои со поглед шират позитивна енергија.

Денес Марија Шерифовиќ има 33 години и музичка кариера од 15 години.

Доказот дека е се повеќе обожавана од публиката, се покажа на концертот во Скопје, каде Шерифовиќ заслужено ја наполни ВИП Арената „Борис Трајковски“.

Од љубовта кон своите фанови, Марија повторно доаѓа во Македонија и тоа со концерт во Охрид закажан за 3-ти август на стадионот „Билјанини извори“.

Влезниците може да ги купите преку продажните места на „мк-тикетс“, Градскиот плоштад во Скопје и Градскиот плоштад во Охрид.