Сцена 20. јули 2018. / 14:26

Лука откри што се случувало во станот пред Наташа да го обвини за насилник

Лука откри што се случувало во станот пред Наташа да го обвини за насилник

Лука Лазукиќ на почетокот на судењето пред Првиот основен суд во Белград, повторно негирал дека во април оваа година, ја тепал сопругата, пејачката Наташа Беквалац во нивниот заеднички стан, објавија српските медиуми.

Како што се наведува, тој тогаш кратко пред судот изјавил дека не е виновен, откако бил обвинет дека извршил кривично дело – семејно насилство.

Лука во исказот рекол дека Наташа се смислено организирала за да го обвини за семејно насилство. Дека тој ден, тој сакал со семејството да оди во Ченеј, но таа наместила се.

„Таа кобна ноќ бев во станот, таа се разбуди и направи хаос. После тоа го остави бебето и замина некаде на 45 минути и се врати во станот. Со ќерката од првиот брак отидов кај моите родители и таму дознав од медиумите дека сум насилник“, рекол Лука.