Сцена

Кајли Џенер прозборе за периодот кога била жртва на насилство

Кајли Џенер прозборе за периодот кога била жртва на насилство

Кајли Џенер прозмборе за своето детство и проблемите кои ги имала затоа што уште како дете била вклучена во ријалити програма на една од најпознатите семејства на светот.

Кајли Џенер (21) на Сенпчет објави видео во кое вели дека цел свет ја злоставува откако имала 9 години.

„Половина од вас мислат дека сум чудна. Другата половина мисли дека сум забавна. Но, јас сум жртва на насилство од кога имав 9 години. Некогаш имам чувство дека цел свет ме злоставува“, вели таа.

На снимката има исечоци од ријалити шоуто, а низ солзи вели дека насилниците се секаде и сите што се малтретирани треба да знаат дека само нивното мислење е важно.