Наташа Беквалац моментално престојува во куќата на своите родители во Нови Сад со ќерките Хана и Катја.
Според наводите на блиските пријатели, пејачката не планира во скоро време да се врати во станот во Белград, пред се’ поради претрпената траума од страна на сопругот Лука Лазукиќ кого го пријави за семејно насилство. Исто така, Наташа се плаши дека во Белград би можела да го сретне Лука.
Од друга страна, пак, таа се’ уште не може да спие поради претрпениот страв, па лекарите ја советувале да одмора уште два месеца, поради што ги откажа закажаните настапи во мај во Црна Гора и во Македонија.