Сцена

Ева е секси мама – прошета со ќерките низ Холивуд, еве зошто е една од најпосакуваните жени

Ева е секси мама – прошета со ќерките низ Холивуд, еве зошто е една од најпосакуваните жени

Секси актерката Ева Мендез (44), сопругата на Рајан Гослинг, мајка на две ќерки, изгледа како тукушто да се симнала од модна писта.

Оваа убавица е фатена во прошетка низ улиците на Лос Анџелес со своите ќеркички Есмералда и Аманда, во потполно лежерно издание, соцветен комбинезон и налани.

Како што се чини, на лицето нема многу шминка, а и фризурата и е потполно опуштена. Косата и е врзана во пунџа, а единствено со што и беше покриено убавото лице се наочарите за сонце.

 

Ева оддаваше впечаток на супер мајка и беше расположена, како и нејзините ќеркички кои изгледаа преслатко и блескаа во идентични фустанчиња и чевлички.

Да потсетиме, Ева Мендез е една од најпосакуваните жени во светот, а е во среќен брак со актерот Рајан Гослинг од 2011 година и тие двајцата важат за еден од најскладните двојки во Холивуд.