Регион 15. септември 2018. / 14:56

Жена пред камери во Белград ладнокрвно пука во инвеститорот Трифуновиќ (ВИДЕО)

Жена пред камери во Белград ладнокрвно пука во инвеститорот Трифуновиќ (ВИДЕО)

Видеото со безбедносни камери ги откри деталите за убиството на инвеститорот Зоран Трифуновиќ во Белград, што се случи пред две недели.

Тој бил застрелан среде улица, од пензионираната Стојанка Цока Стојановиќ (70), која беше уапсена неколку часа по делото и се наоѓа во притвор.

Убиството било снимено од камери од видео надзор на објект во близина. Вознемирувачкото видео го објави ТВ Пинк.