Земјотресот кој утринава ја погоди Албанија, беше силно почувствуван и во Црна Гора. Како што изјави началничката во црногорскиот Заводот за сеизмологија Јадранка Михаљевиќ, тоа бил еден од најсилните регистрирани земјотреси, покрај оној од 1979 година.
Михаљевиќ потенцира дека не може да се процени дали во следните денови епицентарот би можел да биде и во Црна Гора.
– Генерално, не би требало…единствено да дојде до некои поместувања долж Јадранот, но во овој момент не можеме да процениме.
Таа истакна дека после вака силен земјотрес, серијата потреси може да трае и до два месеца, но и дека поинтензивни потреси се очекуваат во следните денови.
– Земјотресот од 21 септември, кој изнесуваше 5,6 степени по Рихтеровата скала беше вовед во активацијата на сеизмогената активност. Тлото и натаму не мирува.
Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 300 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтер што рано утрово ја погоди Албанија.