Регион 26. ноември 2019. / 17:30

Земјотресот во Албанија еквивалентен на три атомски бомби

Земјотресот во Албанија еквивалентен на три атомски бомби

Според податоците објавени на Веб-порталот „Волкано дискавери“, земјотресот со јачина од 6,3 степени што ја погоди денеска Албанија има моќност колку и 60.000 тони експлозив ТНТ. Тоа е е еквивалентно на три атомски бомби.

Во Албанија денеска беа регистрирани неколку земјотреси. Најсилниот беше со интензитет од 6,4 по Рихтеровака скала, а последниот евидентиран беше по 14 часот, со јачина од пет, а во меѓувреме се регистрирани дури 40 земјотреси.

Според најновите податоци, 16 лица го загубиле животот во оваа природна непогода, од кои две деца.