Регион 30. мај 2020. / 19:13

Земјотрес во Корча од 3,6 степени, почувствуван и кај нас

Земјотрес во Корча од 3,6 степени, почувствуван и кај нас

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала го погоди албанскиот град Корча, кој се наоѓа непосредно до границата со Македонија.

Епицентарот бил на 7 километри северозападно од Корча во 17:35 часот по македонско време.

Земјотресот бил почувствуван и во југозападниот дел од нашата земја, односно во охридскиот, преспанскиот и пелагонискиот крај.

Инаку овој земјотрес е четврти во последните 24 часа во тоа подрачје, но овој последниот беше најсилен од сите досегашни.