Регион 04. јули 2018. / 11:38

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Нешто по 11 часот е почувствуван земјотрес во Македонија. Земјотресот со јачина од 4,9 степени по Рихтер, бил почувствуван во западниот дел на Македонија.

Епицентарот е на 30 километри северо-западно од Тирана, на длабочина од 10 км.

Нема информации за евентуални жртви или предизвикана штета.