Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во областа на Мраморното Море.
Епицентарот на потресот бил во Чанарџик, областа Јалова, на длабочина од околу 14 километри.
Земјотресот бил почувствува и во Истанбул, посилно во азискиот дел на градот, но и во областите Коџаели, Бурса и Сакарија.
Нема извештаи за повредени лица, ниту за предизвикана материјална штета.
Сеизмолошката лабораторија Кандили во Истанбул соопшти дека по главниот земјотрес, имало уште седум афтершокови.
Турскиот сеизмологија Ахмет Ерџан вчера прогнозирашр дека најмалку три, а не еден голем земјотрес му се закануваат на Истанбул. Според него, „предупредувачките камбани ќе заѕвонат по 2033 година“.
Научникот смета дека силен земјотрес во реонот најмногу може да се очекува по 2045 година, односно „најверојатните години се меѓу 2040 и 2050“.
Според него, како последица на земјотресот, би можеле да загинат 15 до 20 илјади луѓе.
Повеќе од 17 илјади луѓе загинаа во големиот земјотрес во реонот на Мраморното Море на 17 август 1999 година кој беше со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала. Стотици илјадници луѓе останаа без покрив над главата. Епицентарот на земјотресот беше во Мраморно Море, а потресот траеше 45 секунди.