Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија утрово, а се почувствува и во Црна Гора, објави Сеизмолошкиот институт на Црна Гора.
Како што е наведено, земјотресот е регистриран во 7 часот и 19 минути, со епицентар на 28 километри северно од Драч (Албанија).
Јачината на земјотресот во жариштето била 4,4 единици од Рихтеровата скала, што одговара на епицентралниот интензитет од V-VI степени од скалата Меркали (МЦС), пренесува порталот РТЦГ.
Според прелиминарните податоци за обработка, епицентарот бил на длабочина од 16 километри.
Врз основа на теоретскиот модел на макросеизмичкото поле на регионот, големината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес можеше да предизвика само мала материјална штета во епицентралното подрачје, објави Сеизмолошкиот институт.