Регион 08. октомври 2020. / 09:45

Земјотрес регистриран во близина на брегот на Албанија

Земјотрес регистриран во близина на брегот на Албанија

Во Јадранско Море во близина на Тирана утринава во 13 минути по полноќ е регистриран земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала.

Како што објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Тирана и 27 километри северозападно од Драч на длабочина од 10 километри.

Првично нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.