Регион 17. јули 2018. / 17:15

Земјотрес повторно ја стресе Тирана

Земјотрес повторно ја стресе Тирана

Земјотрес со јачина од 4,7 степени по Рихтеровата скала ја погоди Тирана, а потресот ги заплаши жителите кои веднаш ги напуштиле објектите.

Како што пренесуваат албанските медиуми, епицентарот на земјотресот бил на планината Рогозин, на длабичина од пет километри.

Засега нема други детали, освен дека потресот бил силен.