Регион 08. април 2020. / 10:40

Земјотрес почувствуван во Македонија, епицинтарот бил во Корча, Албанија

Земјотрес почувствуван во Македонија, епицинтарот бил во Корча, Албанија

Земјотрес со локална магнитуда од 3,7 степени според Рихтер утрово е регистриран во соседна Република Албанија, а е почуствуван од населението во југозападните делови на нашата земја со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот, како што соопштија  од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, се случил во 06:30 часот, на 155 километри југозападно од Скопје во соседна Република Албанија, а потекнува од пограничното епицентрално подрачје Корча.