Регион 26. ноември 2018. / 21:10

Земјотрес почувствуван во Будва

Земјотрес почувствуван во Будва

Земјотрес со јачина од 3,6 степени го погоди црногорското приморје, а најмногу беше почувствуван во Будва и Херцег Нови.

Епицентарот бил регистриран неколку минути по 15 часот.

Сеизмолошкиот завод на Црна Гора наведе дека овој земјотрес не можел да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје.