Регион 30. август 2019. / 17:01

Земјотрес од 4,7 степени по Рихтер ја погоди БиХ

Земјотрес од 4,7 степени по Рихтер ја погоди БиХ

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на територијата на Босна и Херцеговина.

Епицентарот на земјотресот бил на шест километри северно од градот Мрамор и на 89 километри северно од главниот град на БиХ, Сараево на длабочина од 10 километри.

За сега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.