Земјотрес од 4 степени по Рихтер утрово ја погоди Славонија.
Епицентарот е на десет километри од Славонски Брод на длабочина од два километри.
Според моменталните информации поголеми штети немало, освен што предизвикал вознемиреност кај населението.
Училиштата се евакуирани превентивно.
„Се слушна татнење и почнаа да се лулаат работите“- вели еден од граѓаните кои го почуствувале потресот.
Службата 112 е пренатрупана со повици, но уште никој не јавил за штета или повреди, но голема е вознемиреноста меѓу граѓаните кои моментално бараат информации каде точно бил потресот. Некои се плашат зошто не знаат дали ова бил поголем потрес или е претходница на уште посилен.