Земјотрес со јачина од 3,1 степен, ја погоди попладнево и Албанија. Земјотресот се случил во 14:08 часот по локално време, а бил почувствуван и во југозападниот дел на земјава, во охридското подрачје.
Епицентарот на земјотресот бил на 19 километри од градот Корча.
Ова е втор земјотрес денеска во нашето опкружување. Нешто пред 12 часот, земјотрес со речиси иста јачина во српскиот град Крагујевац.