Земјотрес со јачина од 4,7 степени по Рихтерова скала е регистриран денеска во Јонското море, кај грчкиот остров Закинтос.
Потресот е регистриран утрово пред 9 часот, на 76 километри југозападно од Закинтос.
Грчката агенција АНА напоменува дека на овој остров се регистрирани повеќе последователни потреси по земјотресот со јачина од 6,4 степни кој се случи на 26. октомври.