Регион 29. декември 2020. / 14:21

Загина дете по силниот земјотрес во Хрватска, мајката во тешка состојба

Загина дете по силниот земјотрес во Хрватска, мајката во тешка состојба

Дете е првата жртва во силниот земјотрес кој денеска во 12:20 часот ја погоди Хрватска.

Како што пренесува „Јутарњи лист“, врз детето паднало шут и загинало на лице место. Трагедијата се случила во епицентарот на земјотресот со интензитет од 6,3 степени во областа Петриње.

Според репортерите од хрватскиот весник, во лоша состојба е и мајката на загинатото дете, која е во шок.

Срушени се голем број на станбени, но и оптшински куќи и згради, уништени се автомобили, улици…. Сè уште нема број на повредени или загинати лица. Граѓани се извлекуваат од урнатите, а на улица се екипи на Брза помош, Пожарна, полиција, војска…