Регион 19. јуни 2018. / 13:31

За средба со Доналд Трамп, Србија би платила половина милион долари

За средба со Доналд Трамп, Србија би платила половина милион долари

„Лобирањето за Србија низ сетот, особено на политичкиот терен на големите сили, е многу важно за Србија, и е еден од начините за изградба на новите односи меѓу Србија и САД.“ изјави Ивица Дачиќ, српскиот министер за надворешни работи за „Политика“. Тој смета дека половина милион долари би биле доволни да се организира средба со Доналд Трамп, актуелниот американскиот претседател.

„Ваквите идеи се објавуваат на веб-страницата на Американското Министерство за Правда, а цената главно е најчесто меѓу 50.000 до 150.000 долари месечно, во зависност од целта“ изјави Ивица Дачиќ.  Според него лобирањето во Србија има негативни импликации, кои понатаму се користат спротивно на српските националните интереси. „Политика“ го наведува и фактот дека косовскиот претседател Хашим Тачи дал повеќе од половина милиони евра на фирма на Брајан Балард за средба со Трамп, а украинскиот претседател, Петро Порошенко, тоа го чинело најмалку 400.000 долари.