Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин изјави дека дваесет години по агресијата на НАТО, српската војска сè уште се соочува со повеќе од 80 објекти, кои се загадени со неексплодирани бомби.
Во придружба на заменик началникот на Генералниот штаб на српските вооружени сили, генерал Петар Цветковиќ, Александар Вулин ги посети припадниците на вооружените сили кои работат на расчистување на подрачјето на воениот аеродром Дубиње кај Сјеница од неексплодирани единици, соопшти Министерството за одбрана.
–Српската армија ќе се врати во сите простории кои беа оштетени и уништени од агресијата на НАТО во согласност со нејзините потреби и тактички барања и ќе дадеме се од себе за да ја вратиме целосната борбена готовност на армијата, како што беше во 1999 година, и секако дека е значајно да ја унапредиме – рече Вулин.
Тој итакна дека особено треба да се земат во предвид луѓето кои работат напорна и сложена работа на аеродромот.
–Нивната опрема мора да биде според сите стандарди, таа мора да биде на највисоко ниво и тие треба да бидат сигурни и мора да бидат задоволни. Српската армија се вооружува и опремува, но српската армија секогаш и пред се, се грижи за безбедноста на сите нејзини припадници – истакна министерот за одбрана.