Регион 18. јануари 2019. / 17:50

Вуцис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван до крајот на следанта недела

Вуцис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван до крајот на следанта недела

Процедурите за Договорот од Преспа во грчкиот Парламент започнуваат од понеделник, а до крајот на следната седмица се очекува тој да биде ратификуван, изјави претседателот на Парламентот Никос Вуцис во разговор со грчките новинари, објави Катимерини.

-На секој ќе му се даде време. – одговорил Вуцис, кој е оптимист дека овој договор ќе помине без пречки.

Вуцис по завршувањето на состанокот на политичиот совет на СИРИЗА, објаснил дека договорот ќе помине на една или на две седници на Комисијата за надворешна политика и одбрана, а потоа ќе биде донесен на пленарна седница, по што ќе следи и гласање од пратениците.

Во меѓувреме, илјадници демонстранти се очекува да се спуштат во грчкиот главен град во недела на митингот против Договорот од Преспа, со кој ја преименува државата во „Република Северна Македонија”.