Односите со Русија се пријателски и братски и Србија ако може да се потпре на некого во меѓународната арена тоа е Русија, како и тие на нас, изјави денес српскиот претседател Александар Вучиќ во преспрет на состанокот со претседателот на Русија, Владимир Путин.
– Успеавме во време кое не е нималку лесно, со безброј притисоци, да се придружиме на ставовите против Москва, да ја задржиме независноста во донесувањето одлуки затоа што ние не забиваме нож во грб на пријателот – изјави Вучиќ во интервју за ТВ Хепи.
Тој додаде дека Путин секогаш имал разбирање за Србија, што се гледа и по бројот на средби, и дека никогаш не ја условувал соработката.
Вучиќ нагласи дека на Србија и е потребна соработка и со Европската унија и со Русија, иако е тешко, бидејќи никогаш нема да бидат сите задоволни.
– Некои Европјани пред да заминам за Русија ме прашаа зошто одам кај Путин. Па, затоа што вие чекате три часа во ред, а јас не морам – рече Вучиќ.
Тој додаде дека и делегации од Запад ги „бркаат“ низ целиот свет кинеските претставници да се сретнат со нив за економска соработка.
Зборувајќи за Путин, тој рече дека успеал да ја подигне Русија да стане „политички џин“ кој се консултира речиси за сите прашања во светот, „поради што на некои во светот не им е омилен“.
Вучиќ потсети дека првпат се сретнал со Путин во 2013 година.