Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги опиша препирките со Бугарија како мало недоразбирање и рече дека следната недела ќе разговара со Бојко Борисов.
Вучиќ изјави дека се надева оти „малото недоразбирање околу Косово кое настана помеѓу Белград и Софија наскоро ќе биде совладано“.
–Бугарија ја призна независноста на Косово, за се друго имаме добри односи – рече Вучиќ.
Тој смета дека препирките помеѓу Белград и Софија што се случија деновиве се мало недоразбирање.
–Следната недела ќе разговараме и со Бојко. Ние имаме припадници на бугарското малцинство, за кои сакам да се чувствуваат како свои на дома – истакна Вучиќ.
Тој изрази и уверување дека за кратко време се ќе биде вратено во нормала.