Српскиот претседател Александар Вучиќ во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел повторил дека за надминување на застојот во дијалогот потребно е Приштина да ги укине таксите.
Вучиќ уште еднаш ја замолил канцеларката да помогне да продолжи слободниот проток на луѓе и стока. Тој со Меркел разговарал за билатералните односи и ситуацијата во регионот, пред сѐ за застојот во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Истакнал дека Србија целосно е посветена на дијалогот, кој се води со посредување на Европската Унија, со намера за постигнување компромисно, обострано прифатливо решение, да се обезбеди стабилност во регионот.
Вучиќ ја поканил канцеларката Меркел повторно да ја посети Србија, а двајцата соговорници изразиле задоволство од високот ниво на политичкиот дијалог и економската соработка на Србија и Германија.