Регион 11. декември 2019. / 11:09

Вучиќ: Хандке е великан и на Србија, а Македонија нека си ја гледа својата работа

Вучиќ: Хандке е великан и на Србија, а Македонија нека си ја гледа својата работа

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е изненаден од македонското образложение за неподржување на доделувањето на Нобелованата награда на Петер Хандке, пренесуваат српските медиуми.

Секој нека си ја работи својата работа – одговори Вучиќ на прашањето на новинарот на Пинк, да го прокоментира фактот што мнозинството пријатели на Србија од регионот го бојкотираше доделувањето на Нобеловата награда на Хандке, потегот на македонскиот министер за надворешни работи за неиспраќање на амбасадор на доделувањето поради тоа што Хандке рекол дека Србија не направила геноцид, како став на Турција на кој се приклучила и Македонија.

Тој истакна дека Хандке го сметаат и како српски великан.

Хандке е великан не само на германското говорно подрачје, туку и на Србија. Повторно му честитам и велам големо благодарам за се што има направено во претходниот период. Горд сум на тоа што ја доби Нобеловата награда, бидејќи страдаше многу и тешко проживуваше затоа што веруваше во вистината и мирот и не наседнуваше на сите трикови и провокации од земјите на НАТО – порача Вучиќ.

Тој на Македонија и порача ,,да си ја работи својата работа”.

Тие нека си ја работат својата работа, им покажаа и на Србите во Северна Македонија како и за кого да се определат и за кого треба да гласаат и мислам дека нивниот проблем е многу поголем од нашиот – истакна Вучиќ.