Норвешкиот фудбалер и дефанзивец на Галатасарај, Омар Елабделауи беше повреден на новогодишната ноќ поради непрофесионално ракување со пиротехника.
Турските медиуми пишуваат дека тој завршил во болница откако се обидел да пука со огномет.
Според првите информации, несреќниот фудбалер е тешко повреден. Се појави и фотографија од Елабделауи по несреќата, која може да ја погледнете овде, но предупредуваме дека станува збор за вознемирувачка содржина.
Тренерот на Галатасарај Фатих Терим, заедно со челниците на клубот, но и со Арда Туран утрово биле во посета на повредениот фудбалер, кој за среќа не е животно загрозен.