Од вчерашниот земјотрес во Албанија во источниот регион на земјата се оштетени над 200 куќи, додека повредени нема.
Според албанските надлежни институции најмногу штети на објектите има во општините Бурел, Клос и Пешкопеја,кои се во близина на границата со Македонија кај Дебар. Албанските медиуми јавуваат дека голем број од жителите на наведените населени места ноќта ја минале под отворено небо.
Епицентарот на земјотресот беше 10 километри од градот Бурел и истиот имаше сила од 5,1 степени според Рихтер. Земјотресот беше регистриран и во Македонија, Косово, Црна Гора и Грција.
Синоќа во Албанија е забележан уште еден помал потрес во јужниот дел од земјата. Инаку, во Албанија според надлежните национални институции само во последниот месец се регистрирани над 920 земјотреси од кои пет со посилен интензитет.