Регион 30. октомври 2018. / 12:48

Во Загреб запленети повеќе од 120 килограми марихуана

Во Загреб запленети повеќе од 120 килограми марихуана

Загребската полиција заплени повеќе од 120 килограми марихуана и уапси 58-годишен маж поради производство и продажба на дрога.

Врз основа на информациите дека 58-годишниот маж произведувал и продавал дрога истражен судија од Велика Горица издал налог за претрес за простории и автомобилот кои ги користи осомничениот.

При претресот на просториите пронајдени биле 97,4 килограми марихуана спакувани во 76 пакетчиња, додека при претресот на автомобилот на осомничениот пронајдени биле 26,8 килограми марихуана, спакувани во 17 пакетчиња.