Регион 25. март 2020. / 10:14

Во Владата на Србија е регистриран првиот случај на коронавирус

Во Владата на Србија е регистриран првиот случај на коронавирус

Бранислав Блажиќ, државниот секретар на Министерството за заштита на животната средина во Владата на Србија е заразен со коронавирус и е сместен на Инфективната клиника во Белград, пренесува „Б92“.

Секретарот Блажиќ е од Кикинда, град кој едно од жариштата на епдемијата на коронавирусот во Србија.

Како што пренесуваат српските медиуми, сите од Министерството за заштита на животната средина кои биле во контакт со него се испратени во изолација, а самиот министер Триван само телефонски контактирал со Блажиќ и со сите останати со кои државниот секретар контактирал лично.